Фудбал
Коваќ: Само сакав сите 90 минути да се посветата на клубот
Баерн Минхен конечно ја прекина серијата од три натпревари без победа на гостувањето кај Волфсбург каде славеше со 1:3.
Победата дојде во вистински момент за тренерот Нико Коваќ кој беше под голем притисок на германските медиуми.
Коваќ беше задоволен од натпреварот и тоа не го криеше.
„Бевме под голем притисок. Сакав сите да бидат фокусирани, да се потрудат и 90 минути да играат за клубот. Екипата се направи фантастично и победата е сосема заслужена“, истакна Коваќ.
Баерн со трите бода од овој натпревар дојде до третата позиција на табелата и има четири бода помалку од лидерот Борусија Дортмунд.