Тајмаут
Крадци влегле во хотелот во кој живее Лионел Меси преку балкон: „Плаќаш толку многу за соба, а тие влегуваат без проблем“
Лионел Меси допрва треба да најде куќа за живеење со своето семејство во Париз.
Меси пристигна во Париз пред еден месец откако потпиша за ПСЖ, но престојува со своето семејство во луксузниот хотел Ле Ројал Монсо, бидејќи тие се уште бараат куќа за живеење.
Антонела обиколи неколку луксузни куќи во Париз, но допрва треба да ја најде идеалната во која ќе живее додека Меси игра во дресот на ПСЖ.
Сопругата на Меси е решена што поскоро да најде дом бидејќи сака што поскоро да се навикне на животот во Париз, а хотелскиот живот очигледно не е баш онаков каков што тие сакаат.
Меси сега уште повеќе ќе го забрза заминувањето по најновите настани во хотелот каде што се сместени.
Имено, непознати маскирани крадци во средата навечер влегле во хотелот преку балкон на шестиот кат. Ја пронашле жртвата чиј ѓердан од 4.000 евра и обетки од 750 евра биле украдени.
Покрај тоа, пронашле повеќе пари во износ од 3.000 евра. Жената која била ограбена, сепак била во шок бидејќи една ноќ во овој хотел чини дури 1.200 евра, и рекла дека не очекува дека овие работи може да се случат во таков хотел.
“Плаќате богатство во луксузен хотел каде што сакате удобност и сигурност, а потоа некој влегува во вашата соба и ве ограбува. Полицијата видела двајца маскирани крадци на надзорните камери, но не може да ги идентификува”, рече таа, додавајќи.
“Тие рекоа дека се пријавени уште некои случаи. Мароканец кој е во собата до мојата, пријавил дека му го украле часовникот. Ова е навистина вознемирувачко”.
Во овој хотел престојуваа разни познати личности како Мадона и Мајкл Џексон. Меси живее во хотелот со своето семејство повеќе од еден месец, но сигурно е дека сега сака што поскоро да најде нов дом.