Крај на кариерата: Торес денеска ќе го одигра последниот натпревар

Напаѓачот на Саган Тосу, Фернандо Торес денес ќе го одигра последниот натпревар во својата професионална кариера.

Последниот натпревар Шпанецот ќе го одигра во Тосу, против Висел Коби, состав во кој ќе бидат и неговите сонародници Андрес Иниеста и Давид Виља.

Торес е светски шампион со шпанската репрезентација и двократен европски шампион.

Има трофеј во Лигата на шампионите како дел од Челзи, како и пехари од Лига Европа со Челзи и Атлетико Мадрид.

За време на неговата кариера тој одигра 706 натпревари, на кои постигна 252 гола и забележа 73 асистенции.