Connect with us

Фудбал

Крај на надежите за Болт – Бараше милионски договор, Австралијците му нудат нешто „ситно“

Усаин Болт нема да игра фудбал за австралискиот тим Централ Кост Маринерс.

Минатиов месец најбрзиот човек на светот тренираше со оваа екипа, но преговорите околу договорот пропаднаа и Болт нема да потпише за овој тим.

Болт бара огромна пара. Сака договор од 1,8 милиони евра, но раководството на тимот може да му плати само 95.000 евра.

Секако, оваа понуда е одбиена и болт нема повеќе да биде дел екипата на Маринерс.

„Му благодарам на клубот, играчите и навивачите кои одлично ме прифатиа. На клубот му посакувам успех во остатокот од сезоната“, кратко кажа Болт.

Болт престана со атлетиката во 2017 година и од тој момент сака да се испроба во фудбалот.