Connect with us

Фудбал

Крај на сезоната, Ибрахимовиќ се повреди, дали е време да каже доста е!?

Лоши вести доаѓаат од Италија! Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња Златан Ибрахимовиќ заработи нова повреда поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната, а медиумите пренесуваат дека легендарниот Швеѓанец размислува за крај на кариерата.

Ибрахимовиќ го пропушти поголемиот дел од оваа сезона поради операција на предните вкрстени лигаменти, но се врати во тимот пред еден месец.

Вчерашниот дуел против Лече почна од клупата, во 65. минута отиде да се загрева, но многу брзо со болна гримаса се врати на клупата. Тренерот Стефано Пиоли по натпреварот откри дека напаѓачот чувствувал болки во потколеницата, поради што не можел да влезе во игра.

Италијанските медиуми јавуваат дека повредата е посериозна од претходната. Сезоната влезе во завршна фаза и извесно е дека Швеѓанецот нема да се врати на терените. Неговиот договор со Росонерите истекува на крајот од сезоната, не е реално да потпише нов …

Поради ова, италијанските медиуми тврдат дека Златан Ибрахимовиќ ќе ја заврши својата играчка кариера!