Фудбал
Крај, нема повеќе билети за мечот Македонија-Германија, сите распродадени!!!
Билетите за натпреварот Македонија – Германија од квалификациите за Светското првенство 2022. се распродадени, информираат од ФФМ.
Натпреварот ќе се одигра на 11. октомври на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.
Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот партнер за продажба на билети, MKTickets пушти во продажба половина од капацитетот на Националната арена колку што дозволуваат здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.