Connect with us

Кошарка

„Кралот Џејмс“ во „војна“ со Доналд Трамп

Доналд Трамп, претседател на САД, е револтиран што НБА кошаркарите пред секој меч клекнуваат на едно колено додека се интонира химната. На овој начин искажуваат поддршка против расизмот, а воедно носат маички со натпис „Црните животи се важни“. Сето ова е поради полициската бруталност, кога при апсење пред неколку месеци беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Трамп вели дека секогаш кога ќе види како кошаркарите клечат на химната, воопшто не сака да го гледа мечот.

Но, реагираше еден од најдобрите НБА кошаркари, Леброн Џејмс.

– Навистина не мислам дека кошаркарската заедница е тажна затоа што тој веќе решил да не гледа кошарка. Тоа е се што можам да го кажам, изјави „Кралот Џејмс“ притоа додавајќи:

-Знаат дека ноември е блиску, изборите се блиску, тоа е важен момент за нас Американците. Сакаме промени и имаме можност до нив да дојдеме.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com