Други спортови
Краток разговор на мрежата: Што му кажа Надал на Федерер?
Рафаел Надал повторно го освои Ролан Гарос, а во полуфиналето го совлада големиот ривал Роџер Федерер.
Надал без поголеми проблеми го совлада Федерер со 3:0 во сетови.
На крајот на средбата Федерер и Надал се поздравиа и кратко поразговараа на мрежата.
„Му посакав среќа на Вимболдон и на сезоната на трева, а тој мене среќа во финалето“, откри Надал додаде:
„Игравме во навистина тешки услови, и тоа е убаво во овој спорт, да бидеш подготвен да се адаптираш ан сите ситуации. Имаше неколку доби поени и да се игра против Роџер секогаш е уживање. Се надевам дека не е последен пат“, истакна Надал.