Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо бил понуден на Барселона, но Каталонците одбиле поради една супер ѕвезда

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, кој воедно е главен кандидат за оваа позиција на претстојните избори, кои ќе се одржат на 24-ти јануари, во едно интервју откри доста интересни моменти.

Една од нив е и таа што на Барселона и бил понуден Кристијано Роналдо, но Португалецот одбил да дојде во каталонскиот тим поради една супер ѕвезда.

-Тоа беше 2003 година, а Роналдо тогаш играше за Спортинг. Еден негов агент ме информираше дека Манчестер Јунајтед има понудено 19 мил. евра за неговите услуги, но дека Роналдо ќе се пресели на „Ноу Камп“ доколку ние понудиме 17 мил. евра. Ние веќе вложивме сериозна парична сума во трансферите на Роналдињо и Рафаел Маркез. Луѓето кои беа преставници на Маркез ни го понудија и Роналдо. Веќе знаевме дека Роналдињо ќе биде темелот на тимот, а Роналдо играше повеќе на крилните позиции отколку во средината. Мислев дека сме доволно покриени на тие позиции и не ми е жал што донесов таква одлука, да не го купиме Роналдо, изјави Лапорта.