Тајмаут
Кристијано Роналдо ја расплака мајка си (видео)
Не е тајна дека Кристијано Роналдо е многу приврзан за своето семејство . Португалецот во неколку наврати ја истакна важната улога на неговата мајка Долорес Авеиро во неговиот живот. Уште еднаш големата ѕвезда на светскиот фудбал покажа колку му значи.
Кристијано и испрати емотивна порака на мајка си по повод нејзиниот роденден, а еден ден подоцна на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таа пука во солзи додека ја чита пораката.
„Се најдобро на најдобрата мајка на светот, воин која ме научи никогаш да не се откажувам. Ти си најдобрата баба што моите деца би можеле да ја посакаат. Те сакам многу! Бакнежи“, напиша Роналдо на мајка си.
А нејзината емотивна реакција можете да ја погледнете во видеото:
Cristiano Ronaldo's birthday message to his mother brought her to tears ? pic.twitter.com/d3nwp5ziba
— ESPN FC (@ESPNFC) January 1, 2022