Фудбал
Кристијано Роналдо на крајот од сезоната се сели во Обединетите Арапски Емирати?
Во текот на еден преоден рок шпекулациите околу разни трансфери се сосема нормални и вистинска реткост е доколку некој фудбалер остане „недопрен“ во тој сегмент.
Кристијано Роналдо ја изненади фудбалската јавност со одлуката да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Јувентус. Меѓутоа, Роналдо за кратко време успеа да се вклопи во новиот тим и моментално е најдобар стрелец на „Старата дама“.
Сепак, ни Роналдо не можеше да помине без шпекулации иако не помина долго време во новиот клуб. Имено, италијанските медиуми денеска ја изненадиа фудбалската јавност со веста дека Роналдо веќе на крајот на сезоната би можел да го напушти Јувентус и повторно да направи трансфер.
Наводно, овој 33-годишен напаѓач доби понуда од Обединетите Арапски Емирати, но се уште не е познато името на клубот. Како што пренесува „Gazzetta dello Sport“ Роналдо доби неверојатна понуда според која годишно би заработувал неверојатни 60 милиони евра.
Роналдо во Јувентус годишно заработува 30 милиони евра, но тешко дека за дупло поголема плата ќе одлучи да замине од „големата сцена“. Португалецот уште неколку сезони сигурно ќе го гледаме во најголемите европски лиги, а пред крајот на кариерата можеби ќе заигра некаде на истокот.