Фудбал
Кристијано Роналдо откри колку време ќе паузира поради повредата
Кристјано Роналдо се повреди во 30. минута од натпреварот Португалија – Србија.
Најдобриот играч на Португалија мораше повеќе од пола натпревар да го следи од клупата, а на крајот не беше среќен затоа што неговата репрезентација освои само бод (1:1).
Звездата на Јувентус откри дека ќе паузира две до три недели поради вчерашната повреда иако нема официјална потврда од докторите.
Тој во Микс зоната само помина покрај новинарите од Србија, додека на локалните новинари им даде неколку информации вклучувајќи ја и таа за повредата.
„Мојата повреда? Не сум премногу загрижен. Го познавам своето тело, за две недели ќе бидам закрепнат“, кажа Роналдо.