Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо поради коронавирусот ќе остане без 10 милиони евра?!

Фудбалското првенство во Италија, земја која е најмногу погодена од вирусот, е прекинато на неодредено време, а клубовите се соочуваат со огромни финансиски губитоци.

Поради тоа, Фудбалскиот сојуз на Италија планира да им излезе во пресрет и во договор со Здружението на фудбалерите да ги намалат платите на играчите и тренерите во Серие А.

Најплатените фудбалери би добиле 30 отсто помали плати, додека на останатите би им се одбиле по 15 отсто. Тоа е предлогот на Фудбалскиот сојуз,

Ова значи, на пример, Кристијано Роналдо кој е најплатен, со 30 милиони евра годишно, би можел да остане без 10 милиони евра.

Сепак, за ова да се случи, предлогот ќе мора да го прифати Здружението на професионални фудбалери.