Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо со ултиматум до Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер јунајтед доколку клубот не избори пласман во Лигата на шампионите.

„Сан“, тврди дека е подготвен да го напушти „Олд Трафорд“ по завршувањето на сезоната, доколку клубот не се пласира во ЛШ. Според овој извор, тој одлуката им ја соопштил на клупските челници.

Пред извесно време во интервју за „Скај Спорт“ Роналдо изјави дека не дошол во Манчестер Јунајтед за да биде шести на табелата. Како ќе се одвиваат работите останува да видиме. Вечерва Јунајтед му гостува на Брентфорд. Во моментов имаат 32 бодови, а Вест Хем кој е на четвртата позиција, последна која води во ЛШ има 37 бодови.