Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо тврди дека сите лажат

Кристијано Роналдо (37) постојано се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед.

 

Бројни европски медиуми пишуваат дека агентот Жорге Мендеш прави се за да го обезбеди заминувањето на Роналдо од Јунајтед, а дека самиот фудбалер им рекол на клупските челници дека сака да оди во клуб кој игра во Лигата на шампионите.

 

Вчера Атлетик ја објави веста дека Мендеш одржал состанок со раководството на Спортинг Лисабон и му го понудил Кристијано на овој клуб, па самиот фудбалер решил повторно да реагира.

“Едноставно е невозможно да не се зборува за вас барем еден ден. Во спротивно не би заработиле пари. Знаете дека нема да привлечете внимание ако не пишувате лаги. Продолжете, можеби ќе го погодите”. напиша Кристијано Роналдо.

Во претходниот период Роналдо беше поврзуван со Баерн, Челзи, ПСЖ, Атлетико, а наводно сите овие клубови одбивале да го доведат во своите редови.

 

Очигледно и Спортинг не е многу заинтересиран и ќе видиме што ќе биде со Кристијано во наредниот период.

Роналдо минатата година беше најдобар играч на Јунајтед. Тој одигра 37 натпревари и постигна 24 гола.