Тајмаут
Кристијано во својот возен парк додаде уште еден „ѕвер“ од 2,3 милиони евра
Кристијано Роналдо додаде уште еден автомобил во својата колекција.
Последен е „Ferrari Daytona SP3“, вреден околу 2,3 милиони евра, португалските медиуми неговиот нов автомобил го нарекоа „вселенски брод“ затоа што се работи за неверојатно вредно возило, а всушност е само едно од оние во колекцијата на познатиот фудбалер.
Роналдо го искористи своето патување во Португалија за да го додаде овој автомобил во својот возен парк, кој според некои информации досега вреди околу 20 милиони евра.
„Bugatti Chiron“ е еден од највредните, но дефинитивно со најголема вредност е „Bugatti Centodieci“ за кој велат дека го поседуваат само десет луѓе во светот, тоа е автомобил со 1600 коњски сили.
View this post on Instagram