Фудбал
Крос за најболниот пораз во кариерата: „Никогаш не сум се чувствувал понемоќен …“
Тони Крос зад себе има врвна кариера со неколку успеси во дресовите на Баерн и Реал Мадрид, но и германскиот национален тим со кој беше светски шампион во 2014 година.
Минатата недела Крос го доживеа најболниот пораз во кариерата со Германија кога загуби од Шпанија со нереални 6:0.
„Ако ја погледнам кариерата, горчлив пораз беше финалето во Лигата на шампионите во 2012 година против Челзи, но никогаш не сум се чувствувал понемоќен отколку против Шпанија“, рече Германецот.
„Направивме некои работи навистина лошо и треба да анализираме што тргна наопаку. Три месеци претходно игравме против скоро истиот тим во Шпанија и беше 1-1“.
„Сега следува долга пауза без репрезентативни натпревари, што е иритирачко, но треба да го видиме ова како можност да го подобриме она што веќе покажавме дека можеме да го направиме“, рече Крос.
Фудбалерот на Реал додаде дека соиграчите не го задевале поради високиот пораз, но дека претежно сите биле изненадени.