Поврзи се со нас

Фудбал

Крос: Зидан ќе најде решение за излез од оваа ситуација

Реал Мадрид не ја отвори новата сезона на најдобар начин. Тимот на Зинедин Зидан страда во Примера, но и во Лигата на шампионите, па се повеќе се шпекулира за заминување на францускиот стручњак.

Германскиот играч за врска Тони Крос зборуваше за шпанските медиуми за моменталната состојба во тимот, кој верува дека Зидан ќе најде решение за излез од новонастанатата ситуација.

„Видете, во Реал ако не постигнете добри резултати и не ги оправдате очекувањата, веднаш се поставуваат прашања. Но, затоа сме членови на овој клуб. Оваа ситуација е сосема нормална. За време на Зидан имавме слични ситуации, поминавме низ лоши периоди. Пред неколку недели по поразите од Кадиз и Шахтјор, пристигнавме во Барселона и одигравме неверојатен натпревар“, рече Крос.

„Ќе го поминеме ова, а шефот е првиот човек кој знае што се случува во клубот, зошто нема резултати. Треба да ја поправиме играта, да се обидеме да ги добиеме натпреварите што следат. Мислам дека шефот ќе најде решение“, додаде германскиот играч за врска.

loading...

Facebook