Connect with us

Фудбал

„Кулибали е најдобриот дефанзивец на светот, можеби Серхио Рамос е блиску до него“

Квалитетите на фудбалерот на Наполи Калиду Кулибали се беспрекорни, а неговото име веќе некое време се поврзува со најголемите европски клубови.

Тоа е сосема јасно, но Наполи нема толку лесно да го продаде својот одличен стопер, а според мислењето на Гулиелмо Стендардо, некогашниот дефанзивец на Јувентус, Лацио и Аталанта не би ни требало затоа што Кулибали е најдобриот дефанзивец на светот.

“Кулибали во моментов е најдобриот дефанзивец во светот. Единствениот кој е блиску до него е Серхио Рамос, кој сепак е физички инфериорен во однос на Кулибали. Тој е одличен спортист”, изјави Гулиелмо Стендардо за радио Кис Кис, но додаде:

“Толку многу напредуваше во три години под Сари кога е во прашање игра со нога, тој стана многу добар во градење на акција од последната линија”.