Фудбал
Кулибали го засилува Манчестер Јунајтед, Смолинг на излезна врата
Како што известуваат медиумите во Англија, Манчестер Јунајтед е во завршна фаза на преговорите со нова стопер.
Тоа е сегашниот играч на Наполи, Калиду Кулибали, кој би бил големо засилување за составот на Манчестер Јунајтед.
Доколку Кулибали дојде во Јунајтед тоа би бил дефинитивен крај за Смолинг во дресот на Манчестер Јунајтед.
Крис Смолинг во моментов е на позајмица во Рома, а како што стојат работите, тој ќе остане во клубот и неговиот договор ќе биде откупен.
Кога станува збор за доаѓањето на играчот од Наполи, Манчестер Јунајтед ќе треба да издвои голема сума пари, а станува збор за цифра од 90 милиони евра.