Фудбал
Кулушевски со порака до Ибра: Врати се!
Пред извесно време се појавија информации дека Златан Ибрахимовиќ, иако има 39 години да се врати во репрезентацијата. Тоа го призна и самиот селектор, а сега и Швеѓанецот со македонско потекло вели дека ќе се врати.
–Кога тој зборува добри работи за мене, само ме тера наредниот ден да работам уште понапорно. Навистина се надевам дека ќе се врати на репрезентативните обврски и дека ќе биде дел од тимот на Шведска на Европското првенство. Тоа ќе биде прекрасно за мене и цела Шведска. Ајде Ибра, направи го тоа, порача Кулушевски.
Кулушевски вели дека токму Ибра му е идол и дека репрезентацијата на Шведска би била далеку посилна со него.