Connect with us

Фудбал

Куман: Дали ќе останам во Барселона? Ќе видиме, новиот претседател ќе ги носи одлуките

Барселона наскоро ќе добие нов претседател, а како што изборите се приближуваат, се повеќе се шпекулира за иднината на Роналд Куман во овој славен клуб.

Во последно време, шпанските медиуми сè повеќе пишуваат за заминувањето на Куман од Барселона по претседателските избори, а за ова денеска зборуваше и тренерот на шпанскиот клуб.

Тој истакна дека не го нервираат ваквите приказни и дека мисли само на секој следен натпревар.

„Навивачите и медиумите се заинтересирани да создадат полемики. Најважно за мене е да не се нервирам за ова и да се сконцентрирам на подготвување на тимот за претстојните игри. Така, тоа не ме интересира. Не ме нервира кога го слушам името на Чави и другите тренери“, рече Куман.

„Овој викенд ќе биде избран нов претседател, тој ќе ги донесе одлуките. Ќе разговараме. Уморен сум од овие прашања и ги примав долго време. Важно е Барселона да има претседател затоа што е најголемиот клуб во светот. Важно е за мојата иднина и за иднината на тимот. Неопходно е да се подобри процесот во клубот“, додаде Куман.