Connect with us

SPORTM.mk

Куман има три натпревари за „поправање на работите“

Наводно, Роналд Куман има три натпревари за да ја спаси својата работа во Барселона.

Иако каталонскиот тим добро влезе во шампионатот со две победи од три натпревари, лошата игра и тешкиот пораз од Баерн во Лигата на шампионите се доста разочарувачки за навивачите на овој клуб.

Челниците на Барселона, сепак, не брзаат да направат какви било промени на клупата. Пред натпреварот со Баерн, Жоан Лапорта истакна дека Куман ја има неговата доверба.

“Му верувам на Роналд Куман. Ми се допаѓа и тој ја има мојата целосна доверба. Имаме многу добри односи”, рече Лапорта.

На новинарско прашање дали работата на холандскиот тренер ќе биде во опасност доколку загуби од Баерн Лапорта кратко одговори:

“Не”.

Сепак, по поразот од Баерн, шпанските медиуми тврдат дека челниците на Барселона се загрижени за ситуацијата со клубот и полека го губат трпението со холандскиот тренер.

“Барселона му даде на Куман три натпревари за да ја реши ситуацијата во тимот. Ако не го стори тоа, може да добие отказ”, тврди Куатро.

„Копе“ носи слични вести.

„Работата на Куман ќе биде под лупа во следните игри“, наведува овој портал.

Сепак, и Холанѓанецот има голема среќа бидејќи во следните три кола од Ла Лига ќе игра против „на хартија“ многу послаби ривали.

Следниот натпревар Каталонците го играат дома против Гранада, по што следува гостување кај Кадиз и нов домашен натпревар против Леванте.

Нови многу посериозни предизвици доаѓаат на крајот на месецот кога Барселона гостува кај Бенфика во Лигата на шампионите, а потоа игра против Атлетико Мадрид.

Facebook