Поврзи се со нас

Фудбал

Куман: „Што уште можам да направам?“

Барселона загуби ново дерби. По Реал, Каталонците загубија и од Атлетико со минимални 1:0.

Натпреварот на стадионот „Ванда Метрополитано“ беше решен во судиското надополнување на првото полувреме кога Караско погоди по грешка на Тер Штеген.

„Имавме две јасни шанси за изедначување. Се согласувам дека не е многу, но секогаш е тешко да се создадат шанси против ваков тим. Тие добро се бранат. Голот беше постигнат по наша грешка“, изјави Роналд Куман по натпреварот.

„Ја имавме топката, беше 0:0, ја изгубивме и тие ни дадоа гол … Тоа не требаше да се случи. Како и секој тренер, јас сум одговорен. Мораме да ги поправиме резултатите“.

„Работиме, се обидувам да го ставам најдобриот можен тим на секој натпревар … Што уште можам да направам?“, изјави Куман.

По синоќешниот пораз, Барселона е само десетта на табелата и веројатно ќе следи уште една тешка и долга сезона на Ноу Камп.

loading...

Facebook