Connect with us

Фудбал

Купете билет за Македонија на Европско првенство – онлајн!

Билети може да се купат и онлајн, преку интернет-страницата за продажба на билети за Евро 2021, по нешто повисока цена од тие што би можеле да се добијат преку ФФМ.

Влезниците од трета категорија преку нашата федерација чинат 30 евра, додека онлајн тие изнесуваат околу 45 евра.

Количина билети кои може да се купат преку овој сајт се ограничени, поради што сите заинтересирани мора да побрзаат за да дојдат до драгоценото парче хартија.