Фудбал
Куртоа ја шокираше јавноста: Не поради повреда, туку поради селекторот нема да игра на Европското првенство
Голманот на Белгија Тибо Куртоа најави дека нема да игра на ЕП дури и да се опорави од повредата на коленото, а причината е што повеќе не сака да игра за селекторот Доменико Тедеско.
Куртоа во интервју за порталот Спорза првпат јавно проговори за проблемот што го има со тренерот Тедеско. Белгиските медиуми со месеци пишуваа за тоа дека Куртоа му се налутил на Тедеско кога не му ја дал капитенската лента на мечот со Австрија, иако се надевал дека ќе го прослави јубилејниот 100. настап во репрезентативниот дрес.
Куртоа потврди дека поради тоа му се налутил на тренерот, но дека тоа не била последната капка.
„Ако тоа беше причината за мојата одлука, ќе престанев да бранам уште во март кога Тедеско одлучи дека Де Бруин ќе биде капитен, а јас и Лукаку ќе бидеме замени, но без јасна хиерархија“, изјави Куртоа и потоа објасни што го натерало на драстична одлука привремено да се повлече од националниот тим.
„Де Брујн беше повреден и само неколку часа пред првиот натпревар ни кажа дека Ромелу ќе биде капитен против Австрија, а јас против Естонија три дена подоцна. Тоа беше само втор пат кога ми пријде во подготовка за натпреварот, нешто во тој момент ми пукна во мене.Не можев повеќе да издржам,по мечот со Австрија седнав со Тедеско и директорот на репрезентацијата Френки Веркаутерен и отворено разговаравме.Едноставно почувствував дека ниту тој ниту федерацијата ме ценеше“, вели Куртоа и го открива најшокантниот детал.
Селекторот многу ме притискаше да не одам, па дури ми се закани дека ќе им каже на новинарите се што разговаравме насамо на таа средба. Му кажав дека тоа е неетичко и дека е чисто нарушување на довербата меѓу играчите и тренерот. Следниот ден се беше обелоденето во медиумите, а знам дека им ги дал сите информации. Им се извинувам на навивачите што ја напуштив репрезентацијата, но не можев да ја поднесам неправдата во тој момент“, изјави Куртоа, кој не сакаше ниту да одговори на пораката што му ја испрати селекторот откако заработи тешка повреда на коленото во август.
„Во моментов е тешко дека ќе дојде до помирување. Јас сум за разговор, но не можам да разговарам со некој во кој немам доверба“, додаде Куртоа.
За потсетување, Куртоа моментално се опоравува од повредата на коленото со која се здоби во август, а се прогнозира дека ќе биде опоравен до стартот на еврото. Но, за жал, на прегледот на најдобрите европски селекции нема да го видиме еден од најдобрите голмани на денешницата.