Connect with us

Фудбал

Кутињо е најлошата зделка на Барселона, нови 20 милиони одат за Ливерпул?!

Фелипе Кутињо пред три години од Ливерпул се пресели во Барселона како големо засилување, но не се снајде баш најдобро. Каталонскиот клуб за него издвои дури 160 милииони евра, вклучувајќи и разни бонуси, кои се чини дека тек сега доаѓаат за наплата. Барселона се наоѓа во финансиска криза поради пандемјата со коронавирусот и јасно е дека во јануари ќе се обиде да продаде некои играчи.

Неодамна беше објавено дека Каталонците ќе се обидат да го продадат Кутињо за да вратат барем дел од парите, но „Каталуња Радио“ пишува дека причината е сосема поинаква. Имено, доколку Кутињо остане во Барселона до крајот на сезоната, тогаш клубот сигурно ќе мора да му плати нов бонус на Ливерпул. Доколку Бразилецот одигра уште 12 мечеви во дресот на Барселона и дојде до бројката 100 одиграни натпревари, Каталонците на Ливерпул ќе мора да му платат дури 20 милиолни евра.

Досега Кутињо за Барселона одигра 88 мечеви. Пет милиони се веќе уплатени за 25 одиграни меча и плус пет за пласман во лигата на шампионите.