Connect with us

Фудбал

Кутињо нема да игра за Барселона, причината бизарна

Бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо до крајот на сезоната нема да настапува за Барселона. Причината е бизарна, бидејќи на каталонскиот тим не му се даваат пет милиони евра.

Кутињо во моментов е на рехабилитација од повредата, не се знае колку ќе паузира уште, меѓутоа и без разлика на такво нешто тој нема да одигра ниту еден меч до крајот на сезоната.

Барселона е во финансиска криза, па според договорените бонуси со Ливерпул, Каталонците ќе треба да платат пет милиони евра, доколку оваа сезона одигра одреден број на мечеви. За исполнување на таа цел на Кутињо му се потребни уште седум настапи.