Connect with us

Фудбал

Кутињо: Во Вила е одлично, но мојата желба е Светското првенство

Бразилецот Филипе Кутињо изјави дека е задоволен од неговиот престој во Астон Вила во Англија. Фудбалерот моментално се наоѓа во својата татковина, каде со репрезентацијата се подготвува за претстојните натпревари со Чиле и Боливија од квалификациите за Светското првенство во Катар.

29-годишниот Кутињо беше запрашан како се чувствува во Бирмингем по неговиот трансфер од Барселона во јануари, уверувајќи го дека е добро примен.

„Бев пречекан од сите играчи и вработени во клубот, како и од навивачите на Астон Вила. Се чувствувам одлично и многу сум среќен што сум во овој тим“, изјави Филипе Кутињо за бразилските медиуми.

Тој на досегашните десет натпревари со тимот од Бирмингем веќе има четири гола и три асистенции. Астон Вила е на деветтото место во поредокот на англиската Премиер лига со 36 бодови.

Репрезентацијата на Бразил е лидер во квалификациите во јужноамериканската зона за СП 2022 година со 39 бода, четири повеќе од втората Аргентина.

Кутињо изјави дека се надева дека ќе игра за Бразил на Светското првенство во Катар. Има уште многу време до првенството и конкуренцијата за места во тимот е голема“, додаде фудбалерот.