Фудбал
ЛА Галакси ја сака ѕвездата на Јувентус: Тој е нашиот сон
Иако до прекинот на сезоната во Италија, аргентинскиот фудбалер беше солиден под раководство на Сари, сепак на Апенините се убедени дека „Пипита“ по крајот на сезоната заминува. Како можна дестинација се спомнува Ривер Плата, клуб во кој ја започна кариерата.
Сепак, има и друг заинтересиран тим. ЛА Галакси, а таквите шпекулации ги „подгреа“ самиот тренер Гилермо Барос Скелото.
-Игуаин е нашиот сон, станува збор за еден од најдобрите напаѓачи на светот. Но, нема да биде лесно. Можеби е рано за него, но фудбалот е специфичен и се е можно, вели тој додавајќи дека добро го познава Игуаин и целото негово семејство.