Connect with us

Фудбал

ЛА Галакси прашува за Меси, сериозни ли се проблемите со Барселона

ЛА Галакси се обидува да го привлече Лионел Меси, пишуваат медиумите преку океанот. Информациите велат дека претставниците на клубот се сретнале со таткото на Меси, кој воедно е негов агент и се распрашувале под какви услови Аргентинецот би се одлучил да се пресели кај нив.

ЛА Галакси, како уште многу европски тимови се обидуваат да ја искористат можноста од нарушените односи помеѓу Меси и претседателот Бартомеу.

Меси прво влезе во вербален конфликт со спортскиот директор Ерик Абидал, кој доби поддршка од првиот човек на Барселона, а потоа се појави информација дека Бартомеу ангажирал компанија која преку социјалните мрежи ќе ги оцрнува и напаѓа играчите кои лошо зборуваат за клубот, а меѓу нив наводно бил и Меси.