Connect with us

Други спортови

Љафтов прв Македонец кој ќе игра во италијанската Супер одбојкарска лига

Александар Љафтов потпиша договор со Порто Робур Коста од Равена. Нашиот одбојкар потпиша едногодишен договор со Порто Робур Коста и воедно испиша историја. Тој е првиот македонски одбојкар во италијанската Суперлига.

„Добивам шанса да заиграм во Италија. Среќен сум и верувам дека ќе ги оправдам очекувањата. Веќе разговарав и со тренерот Занини и со нетрпение чекам да се приклчуам на тимот и да почне сезоната“, изјави Љафтов.

Љафтов потпиша за екипата на Порто Робур Коста од Равена која се натпреварува во најсилната лига на Италија.

Љафтов по заминување од Работнички во 2010 година, постојано е интернационалец. Играше за Галатасарај, Рибница Краљево, потоа во Кипар за тимот на Анагениси Деринеиас, во Египет во Саут Гас Спортинг, потоа повторно се врати во Турција во тимот на Анкара, играше и во Хрватска во Младост Рибола Каштела, а негов последен тим беше бугарски Хбар Пазарџик.