Connect with us

Фудбал

Лајпциг го потврди трансферот на Елиф Елмас, еве ги деталите (ФОТО)

Елиф Елмас се сели од Наполи се сели во РБ Лајпциг, а од 1 јануари 2024 година и официјално ќе биде член на германскиот тим. 24-годишниот македонски фудбалер потпиша договор до јуни 2028 година и ќе го носи дресот со бројот 6. Како што соопштија од Лајпциг, македонскиот дијамант на новиот тим на тренинзите ќе му се приклучи на 2 јануари во тренинг кампот Ла Манга.

-Елиф со своите вештини ќе внесе и нови компоненти во нашата игра, бидејќи неговиот брз старт и неговата физичка робусност го прават многу силен во ситуациите еден на еден и секогаш бара директен пат до целта. И покрај тоа што има само 24 години, тој веќе има стекнато големо искуство во Турција и Италија, како и на меѓународната сцена, а има дури и две национални титули. Затоа сме многу задоволни што сега успеавме да го реализираме трансферот. Сега е важно брзо да се интегрира Елиф во тимот за време на краткиот зимски одмор, изјави спортскиот директор на Лајпциг, Рувен Шредер.