Фудбал
Лампард денеска добива отказ, познат и наследникот?!
Од Англија се погласни се шпекулациите дека во текот на денешниот ден Френк Лампард ќе добие отказ од клупата на Челзи и дека лондонскиот тим добива нов тренер. По лошата серија на резултати и променливата игра, Челзи „падна“ на десетото место на табелата.
Англиските медиуми тврдат дека раководството решило да му даде отказ на легендарниот поранешен фудбалер токму на „сините“, а на негово место да го назначи довчерашниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел.