Connect with us

Фудбал

Лампард до Ливерпул: Освоивте титула, честитки, ама немојте да бидете арогантни

Ливерпул со 5:3 го совлда Челзи во дербито на претпоследното коло од Премиер лигата. По мечот, пехарот беше доделен на “Црвените“ кои овој момент го чекаат 30 години. За време на мечот имаше неколку остри моменти помеѓу Лампард и Јурген клоп и клупата на Ливерпул.

По мечот Лампард изјави: Ја освоивте титулата, честитки, но немојте да бидете арогантни поради тоа.

Сепак, се остана само на тоа. Ливерпул достоинствено ја прослави титулата, а Лампард во манир на голем спортист во подтрибинскиот простор го гушна Садио Мане и му ја честиташе титулата.