Фудбал
Лампард ги одбројува последните денови во Челзи: Пет имиња во игра за нов тренер
Челзи потроши многу пари на засилувања на почетокот на сезоната, но нивните досегашни игри оваа сезона не се одлични.
За тоа е свесен и Френк Лампард од Челзи, кој лесно би можел да ја изгуби работата доколку неговиот тим продолжи да игра слабо.
Англиските медиуми објавија и список од дури пет имиња кои се споменуваат како можна замена за Лампард.
Списокот е предводен од поранешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел, кој конечно би можел да добие шанса да работи во Англија.
Тука е и Масимилијано Алегри кој долго време беше желба на неколку екипи од Англија. На списокот се и Ралф Хасенхутл, Брендан Роџерс и тренерот на Лајпциг, Jулијан Нагелсман.