Фудбал
Лампард го критикуваше Погба: „Сигурно го излудува Мурињо“
Легендарниот англиски фудбалер Френк Лампард, кој денес работи како стручен коментатор, остро го критикуваше Пол Погба.
Иако во август 2016 година, пристигна на Олд Трафорд како големо засилување за тогаш, рекордни 105 милиони евра, Погба за времето кое го помина во клубот не ги оправда целосно очекувањата и се повеќе и повеќе е изложен на критики.
Последната доаѓа од Френк Лампард, кој особено се осврнува на желбата на Погба за уметнички впечаток во играта.
„Погба на теренот носи многу лоши одлуки, но потоа ќе направи нешто генијално, и тоа најверојатно ќе го „излуди“ Мурињо. Тој се обидел да го понижат со тоа што го стави на клупата против Севиља, но на Погба тоа не му сметаше“ изјави Лампард, а потоа продолжи:
„Тој е поталентиран играч од мене. Да речеме дека јас морав да се обидувам да постигнам гол, а кај него тоа е природно. Тој е подобар фудбалер од мене, подобро техничар, но нема корист од дриблање на сопствената половина.”
Но, Лампард не запре на тоа …
„Сите тие негови трикови, јас не сум обожавател на тоа. Многу млади играчи го гледаат тоа на YouTube и мислам дека тоа е нешто одлично, но јас не се согласувам. Погба премногу отиде на таа страна. Играч како што е тој треба да постигнува 15 гола по сезона и да доминира“.