Connect with us

Фудбал

Лампард пред отказ

Published

on

Челзи беше поразен од Лестер со 2:0 во 18. коло од Премиер лигата.

Борбата за титулата е се подалеку, и не е некоја одлична ситуација кога станува збор за борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Британските медиуми не ги штедат критиките на сметка на менаџерот на „Плавите“, Френк Лампард, а некои пишуваат дека Лампард наскоро би можел да остане без работа.

Сините потрошија многу пари, но очигледно дека тимот сè уште го нема достигнато вистинското ниво. Самиот Лампард ја опиша целата ситуација.

„Очекувањата во клуб како Челси се секогаш големи. Отсекогаш било така. Не е моја одлука дали да останам. Некои работи се надвор од ваша контрола. Не можам да одговорам на тоа. Сè уште можеме да поправиме многу работи. Ќе видиме што ќе се случи“, – рече Лампард.

Advertisement

Facebook