Фудбал
Лапорта: Се надевав дека Меси бесплатно ќе игра во Барселона
Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта вели дека се уште жали за заминувањето на Лионел Меси, но како што додава не може да му биде лут, со оглед на тоа дека Аргентинецот многу сторил за клубот. Потајно се надевал дека можеби Меси бесплатно ќе игра, но никогаш не го побарал тоа од него
-Лео имаше желба да остане, но знаеше дека ако тоа не се случи, ќе замине во ПСЖ. Меси е најдобриот фудбалер во историјата на Барселона. Не можев да го прашам дали ќе остане да игра бесплатно за Барселона затоа што не можете да го барате тоа од играч од негов калибар. Имав надеж дека можеби тој самиот ќе предложи да остане бесплатно, но ПСЖ врз него вршеше голем притисок, вели Лапорта.