Фудбал
Лацио има „лек“: Со лук и чоколадо против коронавирус
Како што стојат работите, на 4-ти мај италијанските клубови ќе им се вратат на тренинзите. Такво нешто очекува и стручниот штаб на Лацио. Според „Il Giornale“ клубските нутриционисти се погрижиле секој фудбалер да добие залихи од потребните намирници.
Играчите на дневна основа ќе добиваат по еден грам витамини Ц и Д, помала количина на Аспирин, но ќе мора да консумираат секој ден лук и чоколадо. Лукот го намалува крвниот притисок но добар е и во борбата против бактериите.
Чоколадото ќе го консумираат најмногу од психолошки причини, бидејќи претставува стимуланс кој влијае врз менталното здравје во време кога е многу лесно да се падне во депресија.
Инаку, Лацио во моментов е на второто место во Серие А и секако има шанси за титулата, во зависност од продолжението на сезоната и секако нивните, но и резултатите на противниците.