Connect with us

Фудбал

Лацио преку Болоња до четврт-финалето на купот

Фудбалерите на Лацио се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија со минимална победа од 1:0 (1:0) на домашен терен против Болоња во осминафиналето. Стрелец на единствениот гол беше Фелипе Андерсон.

Лацио ќе биде домаќин на подобриот од Јувентус – Монца во четврт-финалето на 2 февруари, кое е закажано за 21:00 часот. Претходно во четвртокот во четвртфиналето се пласираше и Аталанта со победата на домашен терен против Специја со 5:2 (3:2).

Аталанта на 31 јануари во четвртфиналето ќе гостува кај бранителот на титулата Интер од Милано, кој минатата недела ја исфрли Парма. Познати се уште две четвртфинални двојки, на 1 февруари ќе играат Рома – Кремонезе и Фиорентина – Торино.