Фудбал
Лацио сака да го задржи Инзаги
Претседателот на италијанскиот клуб, Лацио, Клауфио Лотито е подготвен да му понуди нов договор на Симеоне Инзаги.
Договорот се очекува да биде со важност до јуни 2025 година. Платата на Инзаги е три милиони евра по сезона плус бонуси.
На 1 март Лацио се искачи на врвот на табелата во Серија А, откако го победи натпреварот од 26-то коло на италијанскиот шампионат против Болоња (2:0). Последен пат римскиот клуб беше во водство во лигата кога стана шампион во сезоната 1999/2000.
Во моментот на прекинот на Серија А, поради пандемијата, Лацио беше на второто место, еден бод зад лидерот Јувентус.