Фудбал
Лаутаро Мартинез оди во Барселона, Конте ја избира својата замена?
Изгледа дека Лаутаро Мартинез скоро сигурно ќе го напушти Интер на крајот на сезоната и ќе стане нов играч на Барселона.
Тие не можат да го спречат Аргентинецот да го напушти Интер бидејќи Барселона сака да ја искористи клаузулата од 111 милиони евра која е во сила од 1 до 15 јули.
Сепак, Антонио Конте има две желби, а прва е актуелниот капитен на Арсенал, Обамејанг, кој би бил одлично засилување за Интер.
Освен ако не може да го организира неговото пристигнување, Конте ќе се сврти кон Марсијал. Било кој од овие двајца фудбалери ќе биде големо засилување за тимот на Конте.
Марсијал би бил многу поскап бидејќи Обамејанг влегува во последната година од неговиот договор со Арсенал, но сигурно во Интер би биле најсреќни кога би можеле да го задржат Лаутар Мартинез.