Connect with us

Фудбал

Лажна е веста за Просинечки, ФФМ во моментов не преговара со никого, додека не завршaт преговорите со Ангеловски

Фудбалската федерација на Македонија ги оцени пишувањата на српски „Курир“ како лажни и дека се дезинформации. Овој портал попладнево објави дека ФФМ преговара со Роберт Просинечки за селектор на Македонија, односно да ја предводи репрезентацијата на ЕП следната година.

Од ФФМ велат дека нема да преговараат со никого додека не завршат преговорите со актуелниот селектор Игор Ангеловски за продолжување на соработката. Неговиот договор истекува следната година, а најавени се преговори за продолжување на договорот.