Connect with us

Кошарка

Леброн и Јанис ги избраа тимовите за „Ол стар“ натпреварот

Капитените Леброн Џејмс и Јанис Адетекумбо (играчите со најмногу гласови во своите конференции) ги избраа своите тимови за Ол-стар натпреварот, што се игра во Чикаго на 16 февруари.

Леброн Џејмс го искористи својот прв избор на неговиот соиграч од Лејкерс, Ентони Дејвис.

Тимот на Леброн: Ентони Дејвис, Лука Дончиќ, Кавај Ленард и Џејмс Харден.

Резерви во тимот на Леброн:  Демјен Лилард, Бен Симонс, Никола Јокиќ, Џејсон Тејтум, Крис Пол, Расел Весбрук и Домантас Сабонис.

Тимот на Јанс: Тре Јанг, Кемба Вокер, Паскал Сјакам и Џоел Ембид.

Резерви во тимот на Јанс: Крис Мидлтон, Бем Адебајо, Руди Гобер, Џими Батлер, Кајл Лаури, Брендом Инграм и Донован Мичел.