Connect with us

Кошарка

Леброн прави што сака: Некои се згрозени од неговиот потег, а на некои се смеат

ЛА Лејкерс го забележаа третиот пораз во низа, вкупно 16-ти оваа сезона.

Поранешните шампиони во НБА го пречекаа Феникс Санс во својата сала и на крајот загубија со убедлив резултат 90:108.

Леброн Џејмс уште пред почетокот на мечот успеа да го сврти вниманието кон себе, поточно поради начинот на кој пристигна во салата.

Имено, најдобриот кошаркар на денешницата држеше цигара во раката, која некои ги згрози, а некои ги насмеа.

Сепак, можеби ова е и најдобар показател дека кралот е навистина крал и дека му е дозволено да прави што сака и каде сака.

Инаку, Џејмс беше навистина одличен на паркетот со 37 поени, но тоа не беше доволно да го запре тимот со најдобар сооднос во лигата.