Connect with us

Кошарка

Леброн се разбуди, Лејкерси поведоа во серијата против Портланд

Орландо, 23 август 2020 (МИА) – Л.А.Лејкерс го совлада Портланд со 116-108 по 38 поени од нивната ѕвезда Леброн Џејмс, кој додаде 12 скокови и 8 асистенции.

Ентони Дејвис постигна 12 од неговите 29 поени во последната четвртина, а Лејкерси поведоа со 2-1 во серијата.

Одбраната на Лејкерси е исто така импресивна, успевајќи да го запре најдобриот напад на регуларната сезона во втор последователен натпревар.

Демиен Лилард постигна 34 поени за Трејлблејзерс и покрај повредата на прстот на левата рака, а Си Џеј Мекалум остана на 28.

Резултати од НБА:

Орландо-Милвоки 107: 121
Милвоки води во серијата со 2-1 во победи

Мајами-Индијана 124: 115
Мајами води во серијата со 3-0 во победи

Оклахома Сити-Хјустон 119: 107 по продолжение
Хјустон води во серијата со 2-1 вопобеди

Портланд – Лос Анџелес Лејкерс 108:116
Лос Анџелес Лејкерс води во серијата со 2-1 во победи

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com