Connect with us

Кошарка

Леброн: Таунс и Едвардс можат да дадат 40, знаеме што не чека

Најдобриот играч на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс се надева дека неговиот тим ќе обезбеди учество во плеј-офот.

Лејкерси лигашкиот дел од сезоната го завршија на седмото место и по потреба ќе имаат две шанси за пласман во плеј-офот.

Во вторник-среда, Лејкерси играат со Минесота на домашен терен и победа би ги испратила Гризлис во плеј-офот. Доколку загубат, во петок ќе играат со подобриот од дуелот Пеликанс-Тандер, а победа би ги однела во Денвер Нагетс во првата рунда од плеј-офот.

„Сега е малку поинаку бидејќи во плеј-офот обично имаш повеќе денови да се подготвиш за противникот, а сега имаме буквално еден ден. Мораме да бидеме фокусирани на се што треба да направиме и мислам дека играњето дома ќе ни помогне, во последно време многу патуваме. Сепак, мораме да одржуваме позитивна нервоза“, изјави Џејмс и го анализира својот ривал:

„Би било предизвик да се игра со кој било, вклучувајќи ја и Минесота. Имаат Таунс и Едвардс, и двајцата способни да постигнат по 40 поени, и тврд и паметен шпиц во Мајк Конли, човек кој одигра многу натпревари во плејофот. Знаеме што не чека“.

Лејкерси ја започнаа сезоната со две победи и десет порази.

„Главната работа е што сега сме во позиција да продолжиме понатаму, тоа е се што сакавме со оглед на лошиот почеток на сезоната. Среќни сме, но не и задоволни“, заклучува Џејмс.