Фудбал
Лече во јануари тргнува по македонскиот напаѓач
Италијанскиот тим Лече, кој игра во Серија Б и се бори за пласман во Серија А, во јануари ќе тргне по македонскиот напаѓач Илија Несторовски, пишуваат тамошните медиуми. Несторовски долго време беше повреден, но нема доволна минутажа во Удинезе, па сигурно дека ќе ја разгледа сериозно оваа понуда. Покрај Лече, наводно за Несторовски интерес има од Парма и Монца, но според италијанските медиуми Лече бил најсериозен кандидат за потписот на македонскиот напаѓач.