Фудбал
Легенда на Манчестер Јунајтед „удри“ по двајца играчи: Како Солскјер дозволува да играат?!
На Јунајтед не му оди баш најдобро во последно време, а по поразот на домашен терен од Манчестер Сити се огласи и Кин кој важи за синоним за агресија и борба на Олд Трафорд.
„Ако го видам Солскјер сега, ќе го грабнам и ќе прашам: „Зошто го пушташ Фред да игра и што прави таму МекТоминај?“, рече Кин во анализата на натпреварот со Сити за Sky Sports.
Исто така, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед не е задоволен од другиот играч за врска на тимот.
„МекТоминај, Фред. Квалитетите на овие играчи не се доволни за Манчестер Јунајтед.
И Фред и Мектоминај играат редовно во средниот ред на Јунајтед, иако навивачите долго време се на мислење дека не се доследни на дресовите на клуб како Манчестер Јунајтед, а очигледно истото го мислат и некои клупски легенди како Рој Кин.